Muhammed Sabry Emam Muhammed
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз десетици ирански локации ја опиша како „воено злосторство“, во услови на зголемени тензии поради убиството на високиот ирански генерал во американски воздушен напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Таргетирањето културни локалитети претставува ВОЕНО ЗЛОСТОРСТВО“, напиша Зариф на Твитер, набргу откако Трамп се закани дека ќе нападне 52 ирански локации во случај на какви било напади врз американски граѓани или врз американски имот.
„Дали шутирајќи или викајќи, крајот на малигното присуство на САД во Западна Азија започна“, напиша Зариф.
Касим Сулејмани, на елитната единица Силите на Кудс, при Иранската револуционерна гарда, беше убиен во петокот, во американски воздушен напад со беспилотно летало во Ирак.
Убивањето на Сулејмани предизвика драматична ескалација на тензиите меѓу САД и Иран, кои се на стаклени нозе од одлуката на Трамп, еднострано да ги повлече САД од Договорот за нуклеарна програма.
Врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи, кој минатата година му ја врачи најголемата почест на Сулејмани, вети жестока одмазда како одговор на неговото убиство.
Пентагон го обвини Сулејмани за планирањето на нападот врз Амбасадата, како и дека планира да изврши дополнителни напади врз американски дипломати и војници во Ирак и регионот.