Ali Murat Alhas
21 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Зелените партии во Швајцарија се покажаa одлично на парламентарните избори, според првичните извештаи на истражувачка институција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„GfS Bern“ предвидува дека Зелената партија (GP) ги зголемила своите гласови до 13 отсто, постигнувајќи го својот најголем успех, 6 отсто повеќе гласови од изборите во 2015 година.
Гласовите на Зелената либерална партија (GLP) се очекува да достигнат 7,6 отсто, а партијата привлече 4,6 отсто гласови повеќе од изборите во 2015 година.
Антиимиграциската Швајцарска народна партија (SVP) од друга страна изгуби 3,8 отсто гласови помалку од претходните избори, но остана како водечка партија. СВП на претходните избори имаше освоено 29,4 отсто од гласовите.
Социјалдемократите се очекува да се втори на изборите со освоени 18,8 отсто од гласовите.
Лукас Голдер, претставник на „GfS Bern“, го оцени успехот на зелените партии како изненадување кое ги надминало очекувањата.
Околу 5,4 милиони гласачи вчера избираа 245 члена на Парламентот, и тоа 200 во Долниот дом (Националниот совет) и 45 во Горниот дом (Државниот совет).