Bahtiyar Abdülkerimov
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера изјави дека до 25 милиони тони жито се блокирани во Украина и дека барал безбеден коридор за украинските бродови да го испорачаат со цел да се спречи недостигот на храна во некои делови од светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за медиумите, Зеленски изјави дека преговорите со Обединетите нации (ОН) за извоз на житото се во тек, како и преговорите со балтичките земји и Полска, но дека втората рута не е опција бидејќи Украина не може да извезува големи пратки жито преку железница поради долгото времиње на испорака, како и дека транспортот преку рускиот сојузник Белорусија не е опција.
Тој рече дека Украина може да извезува 10 милиони тони жито секој месец преку пристаништето во Одеса, но дека тоа не е доволно.
„Ако сега имаме блокирани 22-25 милиони тони, наесен можеби ќе имаме 75 (милиони тони). Што ќе правиме? Значи, не можеме без пристаништата“.
Зеленски, исто така, рече дека сè уште нема план за завршување на војната со Русија и дека мировните преговори со Москва се во мирување, додавајќи дека „сите сакаат да нѐ туркаат кон заклучок што е апсолутно бескорисен за нас“.
Истакнувајќи дека повеќе од 2.500 украински војници се одведени од „Азовстал“ и се во заробеништво во Русија, тој рече дека работат на враќање на сите украински воени затвореници дома.