Зеленски: Путин сака да манипулира со желбата на Трамп да постигне мир во Украина
- Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да манипулира со желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне мир во Украина
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да манипулира со желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне мир во Украина, известува Анадолу.
Претседателот Зеленски ги коментираше најновите случувања во руско-украинската војна во традиционалната вечерна видео-порака споделена на неговиот профил на платформата Телеграм.
Тврдејќи дека рускиот претседател Путин всушност сака да ја продолжи војната и се обидува да манипулира со светските лидери по ова прашање, Зеленски ја даде следната изјави:
„(Путин) Особено сака да манипулира со желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да постигне мир. Сигурен сум дека ниту една понатамошна манипулација од страна на Русите нема да биде успешна“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.