Davit Kachkachishvili
17 Декември 2022•Ажурирај: 17 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, рече дека Русија има доволно резерви на проектили да изведе уште неколку големи напади на Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски синоќа ѝ се обрати на нацијата со видеопорака што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, зборувајќи за ракетните напади на руските сили врз важните инфраструктурни објекти на Украина во текот на вчерашниот ден.
„Повеќе од 40 терористички ракети се уништени во централните региони на Украина и во близина на Киев“, рече Зеленски.
Тој наведе дека во нападите загинале 3 лица, а 10 се повредени откако проектил погодил куќа во градот Криви Рих.
Наведувајќи дека нападот предизвикал прекин на струјата во 14 региони, Зеленски рече дека е прекинато и водоснабдувањето во Киев и околните места.
Претседателот Зеленски ги повика меѓународните партнери да ја опремат Украина со системи за противвоздушна одбрана.