Nazir Aliyev Tayfur
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека светот мора да реагира на дејствувањето на руската војска во областите Херсон и Запорожје во јужниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Светот мора да реагира на дејствувањата на окупаторот во областите Херсон и Запорожје на југот на Украина“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека се киднапирани некои истакнати лица од локалната власт и водачи на истакнати здруженија.
„Хуманитарната помош се краде“, истакна Зеленски.
Зборувајќи дека руската војска се спрема за напад во источниот дел на земјата, Зеленски истакна: „Сакаат да го уништат Донбас како што го уништуваат Мариупол. Сакаат да ги отстранат регионите Доњецк и Луганск од земјата“, тврди Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека 18 луѓе се убиени, а 106 се повредени во последните четири дена во градот Харков, кај беше под постојано бомбардирање.
Опишувајќи ги нападите на руската војска како 'свесен терор', Зеленски продолжи со зборовите: „Секако, потребата за ембарго на испорака на нафта од Русија расте од ден за ден. Сега сите во Европа и Америка почнаа да увидуваат дека Русија отворено се обидува да ги дестабилизира западните заедници“.
Зеленски наведе дека за оружјето кое го барале чекале 53 дена.