Ayşe Aktaş
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја во Тихиот Океан, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 39 километри западно од островот Наматанаи, на длабочина од 499 километри. Сѐ уште нема информации за мртви или повредени лица, но издадено е предупредување за можна појава на цунами.
На 30 април оваа година, во Папуа Нова Гвинеја се случи земјотрес со јачина од 6,7 степени, додека на 5 мај, земјотресот беше со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала.