Muhammet Nazım Taşcı
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ИСЛАМАБАД
Пакистанскиот град Кета во покраина Белуџистан го потресе земјотрес со интензитет од 5,4 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Национален центар за сеизмички надзор на Пакистан соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа 38 километри североисточно од градот Кета, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот се почувствувал и во Пишин, Харнаи и други подрачја на Белуџистан.
По земјотресот со интензитет од 5,4 степени, голем број Пакистанци излегле на улиците.
Засега нема информации за евентуални жртви и за причинетата материјална штета од земјотресот.