Sinan Doğan
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
БОГОТА (AA) - Јужноамериканската држава Перу ја потресе земјотрес со интензитет од 5,5 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот сеизмолошки центар при Перуанскиот геофизички институт информира дека епицентарот на земјотресот што го потресе Перу се наоѓа 62 километри северозападно од градот Макрона во регионот Наска, на длабочина од 42 километри.
Одговорните лица информираа дека по земјотресот не е дадено предупредување за цунами, додавајќи дека нема човечки жртви, ниту е причинета материјална штета.
Перу, која е една од земјите во кои се регистрираат најголем број сеизмички движења во светот, се наоѓа во пацифичката сеизмичка зона, позната и како „Огнен прстен“.
На 15 август 2007 година Перу го потресе земјотрес со интензитет од 7,9 степени. Во оваа природна катастрофа животот го загубија 595 лица.