Emel Öz
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
МЕКСИКО
Земјотрес со интензитет од 6 степени го потресе западниот брег на Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Институт за геолошки истражувања објави дека 225 километри југозападно од градот Ла Круз де Лорето се случил земјотрес со интензитет од 6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални човечки жртви или за причинета материјална штета.