Земјотрес со интензитет од 6 степени ја потресе Папуа Нова Гвинеја
По земјотресот, кој се случи на длабочина од приближно 521 километар, не е издадено предупредување за цунами
АНКАРА (АА) - Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 6 степени бил на 121 километар северно од градот Кимбе, во провинцијата Западна Нова Британија, пренсува Анадолу.
По земјотресот, кој се случи на длабочина од приближно 521 километар, не е издадено предупредување за цунами.
Според првичните сознанија, во земјотресот не се регистрирани човечки загуби или евентуална материјална штета.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што се случуваат повеќето од земјотресите. Станува збор за подрачје со најголема вулканска активност во светот.