Ekip
05 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ЏАКАРТА (АА) - Американскиот Геолошки завод соопшти дека земјотресот, со интензитет од 7 степени по Рихтеровата скала, го потресол индонезискиот остров Ломбок. Локалните официјални лица предупредија на ризикот од појава на цунами, јавува Anadolu Agency (AA).
Геолошкиот завод на САД соопшти дека епицентарот на земјотресот, со интензитет од 7 степени, се наоѓа на околу 2 километри југоисточно од местото Лолана, на длабочина од 10,5 километри.
Претходно, на 29 јули Ломбок го потресе земјотрес, со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала, во кој смртно настрадаа 16 лица.
Ломбок, како и туристичката дестинација Бали, познати се по недопрените плажи и планини. Хотелите и другите објекти на двете локации не смеат да ја надминат висината на кокосовите дрвја.