Ahmet Furkan Mercan
16 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
ТОКИО
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ги погоди островите Хачиџо кои се наоѓаат во југоисточниот дел на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата со соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Земјотресот се случил во 13:20 часот по локално време на вулканските острови Хачиџо.
Во соопштението се наведува дека земјотресот со јачина од 5,5 степени бил на длабочина од 10 километри.
По земјотресот, јапонската Агенција за метеорологија не даде аларм за цунами.