Ekip
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Бројот на случаи на коронавирусот во Индија надмина 31 милион, при што во земјата се регистрирани речиси 39.000 нови случаи на заразување во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство, регистрирани се 38.949 нови случаи, со што вкупниот број на случаи изнесува 31,02 милиони, додека регистрирани се уште 542 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 412.531.
„Бројот на активни случаи во Индија во моментот изнесува 430.422. Активните случаи сочинуваат 1,39 отсто од вкупните случаи“, се соопштува од Министерството.
Се забележува пад на случаите на заразување и смртните случаи во повеќето делови на земјата во тековниот втор бран на пандемијата. Здравствените експерти предупредуваат дека луѓето што не ги следат упатствата за Ковид-19 веројатно ќе предизвикаат зголемување на бројот на случаите.
Досега се администрирани над 390 милиони дози на вакцини во рамките на вакцинацијата низ целата земја според официјалните податоци. Многу индиски градови, сепак, пријавуваат недостиг на залихи на вакцини.
Во четвртокот, според Министерството, биле администрирани повеќе од 3,5 милиони дози на вакцини во земјата.