Ahmet Furkan Mercan
03 Јуни 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди префектурата Ишикава во Западна Јапонија, јавува Анадолу.
Во соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Сузу на североисточниот брег на полуостровот Ното.
По земјотресот, кој е регистриран на длабочина од десет километри, не е издадено предупредување за цунами.
Земјотресот бил почувствуван низ Ишикава и околните префектури, вклучително и Фукуи и Ниигата.
По земјотресот во регионот се забележани помали потреси.