Büşra Selvi Öğütcen
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
НАЛЕХУ (AA) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран на отворени води кај Големиот Остров во американската сојузна држава Хаваи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за геолошки истражувања на САД, епицентарот на земјотресот бил околу 27 километри јужно од подрачјето на Налеху, што се наоѓа на Големиот Остров во јужниот дел на Хаваите.
Земјотресот со јачина од 6,3 степени е регистриран на длабочина од 35 километри.
Во земјотресот нема жртви, а по него забележани се бројни последователни потреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 4,3 степени.
Во соопштението на Министерството за транспорт на Хаваите се наведува дека не е настаната штета на аеродромите, мостовите или пристаништата како резултат на земјотресот.
Националниот метеоролошки завод во Хонолулу соопшти дека нема опасност од цунами по земјотресот.