Emel Öz Gözellik
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, ја погоди Папуа Нова Гвинеја, јавува Anadolu Agency (AA).
Aмериканскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 88 километри југозападно од градот Поргер. Се случи на длабочина од десет километри.
Сè уште нема информации за човечки жртви или материјална штета.
Во земјотресите што ја погодија Папуа Нова Гвинеја на крајот од февруари и почетокот на март, настрадаа 125 луѓе, а неколку илјади луѓе останаа без покрив на главата.