Fırat Taşdemir
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 6,4 степени се случи на Медитеранот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на својата интернет страница.
Во соопштението се наведува дека земјотрес со јачина од 6,4 степени се случи денес на островот Крит.
Се истакнува дека земјотресот се случи на длабочина од 6,65 километри.