Associated Press
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ТАЈПЕИ
Североистокот на Тајван денес го потресе земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтеровата скала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град Тајпеи се тресеа зградите, но нема податоци за повредени.
Земјотресот е забележан во 13:11 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Јилана, град околу 35 километри источно од Тајпеи, во близина на североисточниот брег, според Централниот метеоролошки центар.
Неколку секунди подоцна следуваше земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтеровата скала.
Метрото привремено не работи, а нема извештај за материјална штета.