Ahmet Furkan Mercan
18 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени ги погоди островите јужно од Токио, главниот град на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот се случил на 200 километри западно од островот Огасавара јужно од главниот град.
Регистриран е во 17:26 часот по локално време на длабочина од 490 километри.
Метеоролошката станица на Јапонија не издаде предупредување за цунами.