Havva Kara Aydın
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,2 степени го потресе североистокот на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Јапонската агенција за метеорологија (ЈМА), силниот земјотрес се случил во 06:09 часот по локално време (0909GMT) во водите на Пацификот недалеку од префектурата Мијаги на длабочина од 60 километри.
По земјотресот Јапонската агенција за метеорологија издаде предупредување за цунами во регионот.
Земјотресот е почувствуван во главниот град Токио, и во префектурите Ивате, Акита, Гунма, Фукушима, Саитама и Аомори.
Не се пријавени жртви.