Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
МЕКСИКО (АА) - Во земјотресот со интензитет од 8,1 степен чиј епицентар беше недалеку од брегот на Тихиот Океан на Мексико, животот го загубија 58 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на канцеларијата за цивилна заштита на Мексико, Луис Фелипе Пуенте соопшти дека во земјотресот кој го зафати Мексико, во државата Оахака животот го загубиле 45 лица, во Чиапас 10 и во Табаско 3 лица.
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотрест со интензитет од 8,1 степени се наоѓал на 87 километри југозападно од градот Пихихапан на отворено море, на длабочина од 69,7 километри. Претседателот на Мексико Енрике Пена Нието имаше објавено дека земјотресот бил со интензитет од 8,2 степени.
По земјотресот се забележани уште 62 последователни земјотреси. Земјотресот кој го зафати Мексико го почуствуваа околу 50 милиони негови жители.
Пацифичкиот центар за предупредување од Цунами соопшти дека земјотресот кој се случи во близина на мексиканскиот брег предизвикал бранови од околу 1 метар.
На 19 септември 1985 година главниот град Мексико Сити го потресе земјотрес со интензитет од 8,1 степен во кој животот го загубија најмалку 6.000 лица.