Hakan Çopur
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп разговараше со лидерите на земјите од Заливот и порача дека за решавање на кризата во регионот значајно е меѓусебно единство и регионалната стабилност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Трамп имал одделни телефонски разговори со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бин Зајед ел Нахјан и катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамад Ал-Тани. Темата на разговорите била решавање на кризата во Заливот.
Во соопштението се нагласува дека Трамп порачал дека меѓу арапските партнери е битно единство, продолжување на регионалната стабилност и борба против иранските закани.
Претседателот на САД истакнал дека е потребно сите земји учеснички на Самитот во Ријад да се придржуваат до ветенето, кое се однесува на борбата против тероризмот, екстремистичката идеологија и финансирање на терористички организации.
Неколку дена претходно, Трамп на прес-конференцијата во Вашингтон изјави дека е подготвен да биде посредник, кога е во прашање решавање на катарската криза.
Претседателот на САД разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон, изразувајќи му сочувство поради жртвите од ураганот Ирма на француските острови Свети Вартоломеј и Свети Мартин во Карипското Море.