Mustafa Deveci
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) – Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Израел, Емануел Нашон, рече дека Израел со „загрижување ги следи“ неодамнешните чекори на Турција во Источниот Медитеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Нашон, на својот твитер-профил објави краток твит во врска со сондажата на турските бродови во Источниот Медитеран.
Изразувајќи дека со загриженост ги следат неодамнешните чекори на Турција на североисток од островот Кипар, Нашон рече дека ја поддржуваат кипарската Влада и дека се против „кршењето на правата“ на кипарските Грци.
По бродот за сондажа „Фатих“, во Источниот Медитеран е испратен и вториот брод на Турција за сондажа, „Јавуз“, кој пред неколку дена пристигна на 'ртот „Зафер Бурну“ на полуостровот Карпаз.