Ali Semerci
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
КУДС (АА) - Израел ги засилува плановите за евентуална воена операција во Газа и напад против Иран, изјави началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генералот Авив Кочави, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Можеби се подготвуваме за нова операција во Газа во блиска иднина и не прифаќаме и нема да прифатиме кршење на израелскиот суверенитет, без разлика кој стои зад тоа“, рече Кочави на новинарите.
Тој алудира на неодамнешниот ракетен напад од Појасот Газа и лансирањето запаливи балони од енклавата.
Кочави, исто така, рече дека Израел ги забрзува плановите за можен напад врз Иран во случај Техеран да не ја прекине нуклеарната програма.
Според веб-страницата „Вала“, дел од средствата од неодамна усвоениот буџет за одбрана ќе бидат пренасочени за зајакнување на опцијата за напад.
Во врска со плановите против иранските поморски активности во регионот, Кочави рече дека Израелската армија работи систематски и на различни начини за да го намали влијанието на Иран на Блискиот Исток.