Rania R.a. Abushamala
26 Јануари 2026•Ажурирај: 27 Јануари 2026
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската Армија денес соопшти дека го лоцирала и пронашла телото на својот последен заробеник во Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Во соопштението на војската се вели дека телото на наредникот прва класа Ран Гвили е идентификувано и ќе биде вратено за погребување.
„Со ова, сите заложници од Појасот Газа се вратени“, се додава во соопштението.
Објавата дојде по еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе го отвори повторно граничниот премин Рафа помеѓу Газа и Египет по враќањето на телото на Гвили.