Mustafa Deveci,Esra Taşkın
07 Ноември 2024•Ажурирај: 09 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Израелската полиција приведе двајца француски припадници на жандармеријата во црквата Патер Ностер, која е француска територија во окупираниот Источен Ал Кудс, известува Анадолу.
Настанале тензии меѓу израелската полиција и француската жандармерија пред посетата на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на црквата Патер Ностер во Источен Ал Кудс, објавија израелските медиуми.
Припадниците на француската жандармерија не сакале израелската полиција да влезе во црквата Патер Ностер, која има статус на француска територија.
Тензиите ескалирале откако израелската полиција привела двајца француски жандарми и со полициско возило ги одвела од тоа подрачје.
На социјалните мрежи беа објавени видеа од моментот на нивното приведување.
Според пишувањата во француските медиуми, францускиот министер за надворешни работи Баро изјавил дека израелската полиција без дозвола и со оружје влегла на територија која е француска сопственост.
Министерот Баро изјави дека е неприфатлива ваквата ситуацијата.