Куртулмуш: Денес е време да се разговара за суспензија на Израел од членството во ОН
– “Би сакал јасно да изразам колку е важно земјите кои се собираат под капата на ОН да се обединат околу општото добро и денеска да му се спротивстават на Израел“, изјави претседателот на Големото национално собрание на Туркије Нуман Куртулмуш
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото национално собрание на Туркије (ТБММ) Нуман Куртулмуш денес изјави дека е време да се разговара за суспензијата на членството на Израел во Обединетите нации (ОН), известува Анадолу.
Куртулмуш присуствуваше на 10-тиот Самит на претседатели на парламенти на Г20 (П20) што се одржа во Бразилија, главниот град на Бразил.
Тој изјави дека неспроведувањето на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН) се претвори во тековен државен тероризам во Газа, на палестинските територии и во Либан.
„Денес е време да се разговара за суспензијата на членството на Израел во Обединетите нации“, рече Куртулмуш и додаде:
„Би сакал јасно да кажам колку е важно земјите кои се собираат под чадорот на Обединетите нации да се обединат околу општото добро и денес да му се спротивстават на Израел.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.