свет

Израелскиот Кабинет го одобри планот за легализирање на пет еврејски населби на Западниот Брег

Предлогот на Смотрич конкретно се однесува на признавањето и регулирањето на пет населени места како одговор на петте земји кои официјално ја признаа Палестина како држава по 7 октомври

Mohammad Sıo  | 28.06.2024 - Обновена : 29.06.2024
Израелскиот Кабинет го одобри планот за легализирање на пет еврејски населби на Западниот Брег

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот Кабинет синоќа ги одобри чекорите предложени од министерот за финансии, Безалел Смотрич, со цел да се „легализираат“ населбите на Западниот Брег и да се воведат санкции за палестинската управа, пренесува Анадолу.

Израелската државна телевизија КАН денес објави дека Кабинетот за безбедност го одобрил планот на Смотрич за спротивставување на признавањето на палестинската државност и активностите против Израел пред меѓународните судови.

Планот вклучува мерки против палестинските власти, легализација на пет населби на Западниот Брег и издавање тендери за илјадници нови станбени единици во населбите.

Дополнително, планот вклучува одземање на дозволи и бенефиции за палестинските службеници, ограничување на нивното движење и спречување на високите официјални претставници да ја напуштат земјата.

Понатаму, тој вклучува мерки како што се отстранување на извршните овластувања од палестинската управа во јужниот дел на Западниот Брег, имплементација на законите против неовластеното градење и заштита на местата на културно наследство и заштитената животна средина.

Подрачјата означени како „Област Б“ на Западниот Брег потпаѓаат под палестинска цивилна контрола и израелска безбедносна контрола.

Предлогот на Смотрич конкретно се однесува на признавањето и регулирањето на пет населени места како одговор на петте земји кои официјално ја признаа Палестина како држава по 7 октомври.

Шпанија, Норвешка, Ирска, Словенија и Ерменија дадоа официјални декларации за признавање на државноста на Палестина, особено како резултат на деструктивната израелска војна во Газа, која трае од октомври минатата година.

Населбите се мали заедници основани од илегални еврејски доселеници на приватна палестинска земја без одобрение од израелската Влада.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.