Anas Zeyad Fteha
09 Јуни 2025•Ажурирај: 10 Јуни 2025
ГАЗА (АА) - 8-годишната Рахаб Матар, која беше повредена во израелски напад додека си играше во парк во Газа изминатиот Рамазан, не може да ја надмине траумата што ја доживеа, известува Анадолу.
Матар, која беше повредена во главата од шрапнел од израелска ракета што падна во нејзина близина, има делумна парализа на левата страна од телото.
Рахаб не зборува од тој ден и само тивко гледа наоколу.
Таа и нејзиното семејство беа принудени да избегаат од кампот Џабалија, во северниот дел на палестинската енклава поради постојаните израелски напади и во моментов се борат да преживеат во шатор во привремено засолниште поставено на стадионот „Јармук“ во градот Газа.
Израелската Армија, која спроведува брутални напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, ги нишани болниците, училиштата и шаторите каде што престојуваат раселените Палестинци.
Приближно 2,3 милиони Палестинци се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на Израел што го ограничува влезот на лекови и хуманитарна помош во Газа.
Најмалку 55.000 Палестинци се убиени, а 126.000 се повредени во нападите на Израел врз Газа.