Ömer Faruk Yıldız
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Војската на Северна Кореја синоќа тестираше два ракетни проектила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници на Генералштабот на Војската на Јужна Кореја соопштија дека севернокорејските сили лансирале две ракети од базата во крајбрежниот град Вонсан.
Истиот извор тврди дека станува збор за проектили со краток дострел лансирани во раните утрински часови по локално време.
Проектилите достигнаа висина на лет од 50 километри и надминаа 430 километри.
Властите на Јужна Кореја најавија детална истрага на случајот.
Аналитичарите тврдат дека новото лансирање на ракетите би можело да го загрози продолжението на дијалогот меѓу севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, и американскиот претседател, Доналд Трамп.