Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hamdi Yıldız
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ГАЗА (АА) - На израелската граница се ранети 9 преставници на медиумите кои го следеле „Маршот на големото враќање“, јавува Anadolu Agency (AA).
Синдикатот на палестинските новинари објави писмено соопштение во кое се вели дека се ранети 9 новинари што го следеле „Маршот на големото враќање“.
Во соопштението се наведува дека меѓу деветтемина ранети новинари се наоѓаат и камерманот на „Ројтерс“, Ахмед Заккут и дописникот на алжирската телевизија Омер Хамдан.
Во соопштението на Центарот за човекови права Ел-Мизан се истакнува дека Израел против учесниците во протестот употребил прекумерна сила и убиствена моќ, додавајќи дека деветтемина новинари се ранети со вистински куршуми од страна на израелските војници.
- Што е „Накба“?
Откако Израел на 14 мај 1948 година ја прогласи својата независност врз окупираната палестинска територија и започна со присилно протерување и раселување на Палестинците, 15 мај се споменува како „Накба“ (Голема катастрофа) на палестинскиот егзодус. Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) од 1967 година наваму се наоѓаат под окупација на Израел.