Barry Ellsworth
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ТEРНТОН (АА) - Околу 2.000 пожарникари се борат со огнената стихија на шумските пожари што ја зафатија канадската покраина Британска Колумбија, јавува Anadolu Agency (AA).
Противпожарната служба на Канада соопшти дека во покраината се активни вкупно 289 шумски пожари и оти веќе се евакуирани околу 7.000 мештани од најранливите области.
Пожарите избувнаа во петокот, но поради топлотниот бран и ветерот, тие брзо се проширија, по што министерот за управување со вонредни состојби, Тод Стоун, прогласи вонредна состојба.
Десетици „канадери“ исто така учествуваат во гаснењето на пожарите, а денес од другите делови на Канада се очекува да пристигнат уште околу 300 пожарникари.
Надлежните канадски власти наредија евакуација на населението од вкупно 12 населени места.
„Пожарите во Британска Колумбија не се непозната појава, но во 17-годишната кариера не сум доживеал нешто вакво“, рече шефот на противпожарната служба, Клиф Чепмен.