Ekipa
12 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
МИЛАНО (АА) - Локалните медиуми објавија дека најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во судирот на два воза во јужниот дел на Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила кога два воза се судриле во близина на градот Андрија во регионот Пуља.
Новинската агенција АНСА објави дека на местото на несреќата загинале четири лица, додека пак Скај ТГ2 објави дека на местото на несреќата има десет загинати.
Сѐ уште не е познат точниот број на повредените, но медиумите јавуваат дека регионалните возови што се на оваа линија вообичаено во утринските часови се полни со патници.
Националната полиција не кажа што ја предизвикало несреќата, додавајќи дека истрагата е во тек.
На местото на несреќата се пожарникарите, полицијата и брзата помош, кои се вклучени во спасување на повредените патници