Ekipa
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
МУМБАЈ (АА) - Индиски официјален претставник изјави дека стравува оти бројот на загинати лица во паѓањето на автобус во длабоката клисура во западниот дел на Индија изнесува 33, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник изјави дека автобусот кој превезувал 34 лица вработени во Земјоделскиот Универзитет, паднал од планинскиот пат при обид на возачот да совлада кривина во округот Рајгад, во државата Махараштра.
Тој истакна дека еден човек преживеал бидејќи успеал да скокне од автобусот, а потоа успеал да се искачи по клисурата и да дојде до патот.
Официјалниот претставник вели дека вработените од Универзитетот биле на приватен излет.
Спасувачките екипи засега успеаја да пронајдат десет тела, а претрагата им ја отежнува силниот дожд.
Индија има најсмртоносни патишта во светот. Во оваа земја годишно во сообраќајни несреќи животот го губат повеќе од 110.000 лица. Поголемиот дел од несреќите се случуваат поради невнимателно возење, лошо одржувани патишта и стари возила.