Recep Şakar
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
МЕЛБУРН (АА) - Владата на сојузната австралиската држава Нов Јужен Велс (NSW) испрати извинување до семејствата на загинатите и повредените во железничката несреќа што се случи во Гренвил пред 40 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за транспорт на Нов Јужен Велс, Андреј Констанца, за австралискиот Еј-би-си рече дека ќе им се извини на семејствата на 83 загинати и 213 повредени во несреќата што се случи во близина на железничката станица во Гренвил откако се сруши мост.
Констанца додаде дека семејствата живеат со незамислива болка и дека многу години морале да живеат со една од најлошите несреќи во националната историја.
Несреќата, што се случи на 18. јануари 1977 година, е најтрагичната несреќа во Австралија.
Тогаш 15-годишната Мередит Најт во несреќата го изгуби својот татко, по што мораше да го напушти училиштето и да се грижи за семејството.
Таа истакна дека заедно со другите семејства кои ги загубија саканите, искусија слични проблеми и дека властите не се грижеле за нивните проблеми.
„Властите ни го свртеа грбот, не беа заинтересирани. Поминаа 40 години, но сè уште голем број на луѓе страдаат“, рече Најт.
Истрагата за несреќата покажа дека причината за несреќата е неодржувањето на застарените шини.