Dildar Baykan
14 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
ЛУКНАУ (AA) - Деветнаесет лица го загубија животот во бродска несреќа што се случи откако чамец се преврте во реката Јамуна, во северна Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеникот за безбедност, Рам Кумар, изјави дека во утринските часови чамецот се превртел во близина на местото Бахпат.
Кумар додаде дека најмалку десет луѓе успеале да испливаат до брегот, а 19 безживотни тела биле извлечени од водата. Во тек е акцијата за спасување на 31 исчезнато лице.
Хаким Бхавани Синг, официјално лице, изјави дека чамецот имал капацитет од 35 патници, па смета дека несреќата се случила поради тоа што во него се превезувале повеќе патници од дозволеното.
Во Индија често се случува да се превртат пловилата поради претовареност со патници. Во несреќа што во јануари се случи во државата Бихар, загинаа 21 лице.