Mahmut Atanur
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ЏАКАРТА (АА) - Вулканот Марапи кој се наоѓа на индонезискиот остров Суматра, повторно почна да исфрла пепел и чад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Канцеларијата за набљудување на вулканот Марапи (PGA) се наведува дека во експлозијата што се случила во вулканот, кој се наоѓа во подрачјето на Танах Датар во западниот дел на островот, е исфрлан пепел и чад до височина од 4.000 метри.
Според ова соопштение, густиот слој чад со помош на ветерот се шири кон југоисток.
Од 2011 година е прогласен аларм од второ ниво, и не се дозволува влез на туристите и жителите на подрачјето во радиус од 3 километри.
Во Индонезија, која се наоѓа во Огнениот прстен во Тихиот Океан, постојат 130 активни вулкани.