Mahmut Atanur
03 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
ЏАКАРТА (АА) – Индонезија соопшти дека ќе им го врати токсичниот отпад на некои европски земји, на Австралија и на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на локалните медиуми, во контејнерите со отпад од хартија од некои европски земји, од Австралија и САД, испратени во Индонезија за рециклирање, откриени се токсични супстанции.
Во испитувањата извршени на 65 контејнери од различни региони во светот, откриен е токсичен отпад во 38, а во 11 контејнери супстанции кои не се соодветни за рециклирање.
Соопштено е дека контејнерите, пристигнати од некои европски земји, од Австралија и САД, ќе бидат вратени назад.
Властите минатиот месец објавија дека ги вратиле американските контејнери со токсични супстанции и најавија дека истрагата ќе биде проширена.