Safvan Allahverdi
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департментот, алудирајќи на оружјето што се наоѓа во рацете на силите на Халифа Хафтар во Либија, а се продава на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопшти дека сериозно се разгледува злоупотребата на американската опрема, пренесува Anadolu Agency (AA).
Еден од портпаролите на Стејт департмент за дописникот на АА даде писмено соопштение.
Портпаролот, истакнувајќи дека истражуваат за оружјето од американско потекло, кое се наоѓа во Либија, нагласи: „Сериозно го разгледуваме проблемот со злоупотребата на американската одбранбена опрема. Свесни сме за информациите за тоа прашање и се обидуваме да собереме дополнителни информации“.
Портпаролот, исто така, додаде: „Очекуваме купувачите на американската опрема за одбрана (оружје) да ги исполнат обврските за крајната употреба“.
Нагласувајќи дека мирот и стабилноста во Либија можат да се обезбедат само со политички средства, портпаролот рече:
„Ги повикуваме сите страни да бидат предмет на политичко посредување на Обединетите нации (ОН), за да се обезбеди прекин на огнот во и околу Триполи. САД ги поддржуваат напорите на специјалниот претставник на ОН, Гасан Салам, и на Мисијата на ОН за поддршка во Либија, за подготвување патоказ кој ќе обезбеди безбедност и просперитет за Либијците и ќе ја спречи понатамошната тензија во земјата.“
Меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија во градот Гарјан заплени големо количество оружје и муниција од САД во магацините на силите на Халифа Хафтер и сподели фотографии на проектилите од американско потекло, што се употребуваат од страна на силите на Хафтар.
Познато е дека Обединетите Арапски Емирати претходно тие проектили ги имаат купено од САД.