Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Денес во Индонезија се одржаа протести во знак на поддршка на угнетеното муслиманско малцинство Рохинџа во Мјанмар, соопштија локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во главниот град на Индонезија, Џакарта, демонстрантите извршија молитва пред амбасадата на Мјанмар и ја повикаа Индонезија, земја со најголема муслиманска популација во светот, да ги прекине диломатските врски со Мјанмар.
„'Муслиманите Рохинџа нека добијат трпение и сила во борбата против воениот режим на Мјанмар'“, рече еден говорник.
Околу илјада демонстранти се собраа денес пред амбасадата на Мјанмар, а исто така, демонстрации беа одржани и во Бандунг, главниот град на покраината Западна Јава. Секаде, муслиманските групи собираа донации за Рохинџа муслиманите.
Најмалку 6.000 полицајци беа на должност за време на демонстрациите.
Повеќе од 123.000 Рохинџа муслимани го напуштија Аракан и се засолнија во Бангладеш по новозапочнатите безбедносни акции на 25 август.
Бегалците ги пренесуваат ужасните насилства на војниците и будистичките банди, кои ги палaт нивните села и убиваат цивили во обидот да ги протераат со најновиот бран насилства што погоди 1,2 милиони Рохинџа муслимани.