Bedrudin Brlyavac
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - „Финецот Теро Варџоранта, инспекторот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), изненадно поднесе оставка“, објави агенцијата, не наведувајќи ги причините за оставката, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Господинот Теро Варџоранта поднесе оставка на 11 мај 2018 година“, кратко соопштија од IAEA.
Неговата оставка доаѓа во многу чувствителен момент, само три дена откако САД објавија дека се повлекуваат од Нуклеарниот договор со Иран.
Варџоранта од октомври 2013 година го водеше одделот кој го следи почитувањето на Договорот за спречување на ширење на нуклеарното вооружување во светот.
На оваа позиција него ќе го замени челникот на одделот на IAEA за Иран.