Muhammed Bilal Kenasari
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, истакна дека во случај Северна Кореја да го остави нуклеарното оружје, тие посакуваат да понудат помош за економијата на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео одржа заедничка прес-конференција со јужнокорејската министерка за надворешни работи, Канг Кјунг Ва, во американскиот Стејт департмент.
„Ако Северна Кореја се согласува за денуклеаризација на регионот на еден траен начин без да се врати назад, тоа ќе биде една добра иднина за Северна Кореја и за нејзиниот народ“, нагласи Помпео, додавајќи дека САД ќе понудат помош во овој процес.
Помпео се осврна на средбата помеѓу претседателот Доналд Трамп, со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на 12 јуни во Сингапур, и истакна дека целта на оваа средба е денуклеаризација на корејскиот регион.
Помпео средбата со Ким Џонг Ун ја опиша како добра и значајна.
Шефицата на јужнокорејската дипломатија, Кјунг Ва, во врска со средбата Трамп - Ким Јонг Ун, истакна дека САД и Јужна Кореја треба да бидат во многу близок контакт.