Heba Alsayyed Ramadan Solaıman
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ЕРБИЛ (АА) - Масуд Барзани, претседателот на полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, вчера го обнови повикот за референдум за независност на регионот од страна на централната власт во Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
При упатувањето честитка по повод првиот ден од Рамазан Бајрам (тридневниот празник на муслиманите кој следи по месецот на постот Рамазан), Барзани ги повика политичките партии и групи од регионот да разговараат за начинот на „постигнување договор во врска со односот (на регионот) со (ирачката) сојузна влада”.
Тој додаде: „Се надевам дека ќе се сретнам со претставници на политичкиte партии и групи од регионот по повод Рамазан Бајрам за да разговараме за можноста од одржување референдум за самоопределување (на регионот) како и за односите меѓу Ербил [административната престолнина на курдскиот регион ] и Багдад во согласност со националните интереси”.
Минатиот месец, Барзани изјави дека нема „повозвишена цел од правото на самоопределување и независност”, што се одвива со цел да се предупреди и да не се дозволи „да паднат жртви како резултат на внатрешни спорови и судири”.