Ali Mukarrem Garip
22 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
КИРКУК (АА) - Во ирачкиот град Киркук пронајдена е масовна гробница со посмртни останки на жртви од убиства кои не се разјаснети, јавува Anadolu Agency (AA).
Гробницата е пронајдена во близина на Лајлан, а гувернерот на Киркук, Ракан Саит, истакна дека пронајдени се голем број тела на жртви со непознат идентитет.
Саит рече дека се сомневаат оти станува збор за жртви на неразјаснети убиства од 2003 година.
Тој додаде дека комисијата што ќе ја води истрагата ќе ја сочинуваат експерти од Министерството за здравство на Ирак, од Безбедносната комисија на Киркук и од градот Киркук.