Mehmet Nuri Uçar
31 Декември 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2022
БАГДАТ
Ирачките власти соопштија дека 20 лица од исто семејство загинале во судирот што настанал при обид на безбедносните сили да приведат две осомничени лица во градот Бабил, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што Командата на Ирачката армија го објави за операциите во Бабил се наведува дека при приведувањето на две осомничени лица кои се барале под обвинение за тероризам во една куќа во регионот Ер-Решаид во Бабил, од куќата бил отворен оган врз безбедносните сили.
Во соопштението се наведува дека куќата и нејзината околина биле опколени од безбедносните сили, по што настанал оружен судир меѓу безбедносните сили и најблиските на осомничените лица. Во инцидентот животот го загубија 20 лица од едно семејство.
Во соопштението нема информации дали има загинати или повредени меѓу припадниците на безбедносните сили.
Од локални извори се дознава дека меѓу загинатите има и 6 малолетници.