Şeyma Uzundere
31 Декември 2021•Ажурирај: 01 Јануари 2022
ДЕНВЕР
Околу 600 куќи се оштетени од пожарите во Колорадо, САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот избувна во областа Болдер вчераутро.
Приближно 600 куќи, хотел и трговски центар се уништени во пожарот, кој за кратко време стигна до населените места со помош на ветрот кој се движеше со брзина и до 169 километри на час.
Властите известија дека се повредени шест лица, меѓу кои и еден пожарникар.
Во градовите Луисвил и Супериор евакуирани се околу 34.000 луѓе.
Властите истакнаа дека некои од пожарите, кои се проширија на многу различни точки, се предизвикани од електричните столбови кои биле урнати од силниот ветер.
Научниците сметаат дека екстремно сувото и ветровито време е одраз на климатските промени и ја отежнува борбата против пожарите.
Од друга страна, низ државата е познато дека зимските врнежи се под сезонските норми.