Mohamed Sabry Emam Muhammed
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
НИНЕВА (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а голем број се повредени во воздушните напади извршени денес во ирачкиот северен град Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Воен авион го погоди пазарот во Ал-Баџ, 140 километри западно од Мосул, изјави ирачкиот пратеник Захед ал Катони за АА.
Тој додаде дека постои голема можност бројот на загинати лица да се зголеми бидејќи поголемиот дел од повредените се наоѓаат во тешка состојба.
Сè уште не е познато дали нападот е извршен од страна на авион на ирачките воздушни сили или од коалицијата предводена од САД.
Мосул во моментот претставува средиште на голема офанзива којашто беше лансирана од страна на ирачката армија кон крајот на октомври, со цел преземање на градот од страна на терористичката група ДЕАШ.
Воените авиони на коалицијата, предводена од САД, спроведува воздушни напади врз позициите на ДЕАШ во градот, како дел од офанзивата.
Мосул, вториот најголем град во Ирак, според некогашната популацијата, беше преземен од страна на ДЕАШ во 2014 година, заедно со други поголеми делови од северниот и западниот дел на Ирак.