Haydar Hadi
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
МОСУЛ (АА) - Ирачките сили ја започнаа втората фаза од спасувањето на градот Мосул од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот командант за борба против тероризмот Абдулвахап Ес-Саади потврди дека започна втората фаза од акцијата за ослободување на градот Мосул.
Целта на втората фаза на акцијата е да се воспостави целосна контрола врз источните делови на градот, кои во моментов се под контрола на терористите на ДЕАШ.
На 3 ноември, ирачките безбедносни сили започнаа да влегуваат од источната страна во центарот на градот Мосул. По 50-дневните улични битки, од ДЕАШ беше преземена контролата на 40 мосулски квартови.
Ирачката армија на 17 октомври започна акција за ослободување на Мосул, кој повеќе од две години е под контрола на ДЕАШ. Коалицијата предводена од страна на Соединетите Американски Држави (САД) обезбедува поддршка за акцијата од воздухот.