Ata Ufuk Şeker
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
БРИСЕЛ
Со измената и дополнувањето на визните правила во Европската Унија (ЕУ), таксата за шенген-визата се зголеми за 20 евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата на ЕУ соопшти дека регулативата за ажурирање на шенген-визните такси, одобрена од Советот на ЕУ и Европскиот парламент (ЕП) минатата година, стапи во сила.
Соодветно на тоа, се зголемија таксите за шенген-визите, кои ЕУ ги применува за граѓаните на 105 земји. Таксата од 60 евра при апликациите за виза во земјите на ЕУ е зголемена на 80 евра. Таксата за визи за деца на возраст од 6 до 12 години е зголемена од 35 евра на 40 евра.
- Аплицирање за визи шест месеци пред патувањето
Дадена е можност за оние што патуваат често да добиваат повеќекратни визи кои ќе имаат важност од една до пет години, а исто така, аплицирањето за визи може да се направи шест месеци пред патувањето, наместо досегашните три месеци.
Во шенген-зоната се наоѓаат: Германија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Во 26-те земји од шенген зоната без виза може да патуваат граѓани на повеќе од 60 земји, но за граѓаните од повеќе од 100 земји се бараат визи.